Хрватскиот мандатар, Андреј Пленковиќ, денеска соопшти дека новата влада ќе ги исполни ветувањата за раст на просечната и минималната плата и дека просечната плата во Хрватска за четири години ќе биде 7.600 куни (1.010 евра).
– За четири години од денеска ветувам просечна плата од 7.600 куни – рече Пленковиќ во хрватскиот Сабор, одговарајќи на забелешките на пратениците.
Тој додаде дека во претходниот мандат минималната плата била зголемена за 754 куни (околу 100 евра) и најави дека минималната плата во наредните четири години ќе изнесува најмалку 4.250 куни (565 евра).
Пленковиќ додаде дека најавата за отворање 100.000 работни места во текот на следниот мандат не е случајна и се темели на резултатите од работата на неговата влада во изминатите четири години.