Силно невреме ја зафати централна Франција, при што загина едно лице и беа предизвика штети на стотици домови.
Голем дел од Франција е во портокалова фаза на опасност од нестабилното време кое се прошири и кон југозападната област Нова Аквитанија.
Во градот Корез, од пад на дрво загинал 64-годишен човек. Во градот Сан Сорнен, пак, ветрот кој дувал со брзина од 27 метри во секунда, оштетил 800 куќи и згради, а жителите побарале засолниште во спортска сала.
Се очекува невремето да продолжи и денеска и да го зафати и главниот град Париз, кој досега беше погоден од високи летни горештини и влажност.