Производство

Но, по сѐ, се чини дека спортското производство добива нова димензија. Додека секој спортски субјект во моментов е фокусиран на тоа како да ја преброди оваа криза поради пандемијата на коронавирусот, очигледно е дека тие, исто така, мора да ги одредат и приоритетите на своите планови, а тоа може да значи да има и нови начини на размислување, но и да се наоѓаат сосема нови решенија за организација, функционирање… Практично, сите мора брзо да се приспособуваат на „новото
нормално“

Спортот, како и многу други аспекти на секојдневието на планетарно ниво, годинава претрпе значителни промени во начинот на функционирањето, доби нови предизвици за одржливоста, а во игра влезе и т.н. „ново нормално“, за многу нешта. Така, потребни се и нови размислувања за планирањето на идните темели и чекори, на организациски и на спортски план. Ситуацијата со пандемијата на коронавирусот е непредвидлива, со тоа и сите делови на одвивањето на спортот.
Но низ децениите „патување“, спортот често се наоѓал на крстосници (војни, допинг, финансии, преодот од аматеризам во професионализам, па и едноставното менување правила на играта или на работењето, како, на пример, познатото правило „Босман“, во фудбалот од пред триесетина години) на кои се избирал или „сам“се покажувал некој нов правец.
Овие и многу други настани низ времето го обликуваа спортот, кој со текот на времето во многу свои делови стана вистинска и доходна индустрија, со стотици милиони вработени и повеќе милијарди следбеници во секој дел од планетата.

Спортот и денес, поради пандемијата на коронавирусот и нејзиното влијание и врз спортот и врз сите чинители околу него, е на нова голема крстосница, по која може да се отвораат нови патишта, по што светскиот спорт може да тргне и во нова насока.
Светот се справува со пандемијата и со кризата предизвикана од нејзиното влијание, а и спортскиот дел се соочува со економска криза, меѓу другото и поради откажани турнири, одложени натпревари, спортисти во карантин… И во време на општи финансиски турбуленции спортот успевал да го најде својот пат, оти и во такви времиња имало приходи од, на пример, влезници, ТВ-права, маркетинг… Во новата ситуација поради новиот коронавирус, дел од приходите е намален. Во таква ситуација се чини дека побрз излез од ситуацијата веројатно ќе најдат, меѓу другите, тие што ќе имаат повеќе идеи за работењето на кратки и на долги патеки, за нови форми на работа за дополнително финансирање, со побрзо адаптирање на нови услови и ситуации.

Но, по сѐ, се чини дека спортското производство добива нова димензија. Додека секој спортски субјект во моментов е фокусиран на тоа како да ја преброди оваа криза, очигледно е дека тие, исто така, мора да ги одредат и приоритетите на своите планови, а тоа може да значи да има и нови начини на размислување, но и да се наоѓаат сосема нови решенија за организација, функционирање… Практично, сите мора брзо да се приспособуваат на „новото нормално“, во кое очигледно ќе биде потребно да се покаже и флексибилност.
Македонскиот спорт нема да биде одминат од евентуалните промени предизвикани од пандемијата на коронавирусот, но, како и досега, важен правец ќе биде продукцијата. Ова поднебје има спортски таленти, со многу европски, светски и олимписки шампиони, вистински спортски дијаманти. Од примерите само од претходните неколку години, во фудбалот, на пример, тоа е една одлична генерација, која го оствари досега најголемиот успех на македонскиот репрезентативен фудбал, со пласманот на младинското Европско првенство во 2017 година во Полска (12-то место).

Истата година една талентирана генерација ракометари го освоија шестото место на младинското Светско првенство во Алжир, што, пак, е највисок пласман на една македонска машка ракометна репрезентација на некој мундијал итн.
Секако, како и досега, за да се дојде до нови меѓународни спортски дострели, потребни се огромна работа, организација, посветеност… од сите чинители, пред сѐ во работата со младите категории.
Според многумина, овој период можеби полесно ќе го пребродат оние што ќе бидат креативни околу начините на работа во следниот период во услови на пандемија и откако таа ќе биде совладана. Иноваторите го движат светот напред, истото тоа се случува и во спортот, а потребата од иновации, секако, произлегува од амбицијата да се биде успешен, прв, најдобар, со постојана потрага по начини да се победи на спортското поле. Особено сега, во време на пандемијата, кога треба да бараат и нови начини на спортско функционирање.

[email protected]