Од Здравствениот Дом-Скопје информираат дека во текот на утрешниот ден (15 јули), кој е прогласен за неработен ден, поради одржувањето на предвремените парламентарни избори, дежурните ординации за здравствена заштита ќе функционираат согласно вообичаениот распоред за работа за недела и за празници.
Во трета смена ќе работат ординациите во поликлиниките: Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.
Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, а со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.