Бобинките го чуваат мозокот
Оптималното ментално здравје е најважен предуслов за нормално функционирање во сите сфери на животот. Со стареењето и долгите ментални напори доаѓа до изумирање на нервните клетки, што резултира со послабо паметење и намалена концентрација и когнитивни функции на мозокот.
Пријателството, цврстите семејни односи, редовното читање, решавањето енигматски задачи и правилната исхрана значително помагаат да останеме ментално активни.
Внесувањето разновидни прехранбени артикли влијае на бистрината на умот, бидејќи има повеќе антиоксиданти во крвта, а тоа позитивно дејствува на когнитивните функции, како паметењето, рационалното донесување одлуки, размислувањето и креативноста.
Бобинките, како што се малините, капините и боровинките, имаат висока концентрација на растителниот пигмент антоцијанин, кој поволно влијае на здравите нервни клетки и на крвните садови на мозокот, и ја одржуваат менталната агилност.