На промоција на кандидатот за премиер на Република Северна Македонија под број 9 кој е предложен од Демократската унија за интеграција беше присутен и претседателот на партијата, Ахмети, кој на почеток рече дека ова е голем собир бидејќи тука се заедно Липково и Куманово, иако во вонредни околности тие секогаш биле заедно.
Ахмети истакна дека се ставени во движење не само земјата и регионот, туку и меѓународни центри, бидејќи правдата е на наша страна и целата врева се крева поради тоа што ние излеговме со наше правно и легитимно барање за премиер Албанец.
– Наместо да се радуваат, другите се налутија и се разочараа. Наместо да ја поздрават, тие ја исмеваат. Ние знаеме дека кога се вознемируваат другите имаат голема мака, но не треба толку да се грижат затоа што со премиерот Албанец ќе се зголеми лојалноста на Албанците кон државата, со премиерот Албанец ќе се зајакне интегритетот и суверенитетот на државата, ние не го земаме делот на другиот бидејќи никогаш не сме сакале нешто што не било наше, туку нашиот дел за кој сме пролеале крв – истакна Ахмети.
Во продолжение на неговиот говор пред граѓаните на Куманово рече дека е загрижен од македонските политичари, но и од претседателите на албанските политички партии кои реагираа за идејата на премиерот Албанец во РСМ.
– Нашите сограѓани Македонци ме разочараа бидејќи беднаш се исшлашија од идејата за премиер Албанец истакнувајќи дека Албанец не може да биде премиер во РСМ. Од дедо и прадедо со документ ни ја оставија земјата и заедно со Сонцето ние сме тука и никој не може да негира едно легитимно право кое самиот Господ го познава. Како можеше да се избере претседателот на Собранието Албанец и токму тие говореа дека не може да стане, министерот за одбрана Албанец, министерот за внатрешни работи Албанец, претседателот на Врховниот суд Албанец и ништо лошо не ѝ се случи на ова земја, напротив процесите се движат напред, Европа е Европа на различностите. За следниот мандат гледам многу ветувања, но за тој мандат треба една работа да ветува македонската страна, дека ова земја ќе стане членка на Европската Унија и за членство на нашата земја во европското семејство треба да се направат длабоки реформи во правото, да се спроведе ветинг, да се бориме против криминалот и корупцијата и ова може да го направи еден премиер Албанец – истакна Ахмети.
На крај од неговиот говор, Али Ахмети рече дека ДУИ гледа изградени вредности, вредности кои знаат да менаџираат и управуваат, затоа се бара целосна албанска поддршка во Република Северна Македонија и на другите заедници, иако порано не е кажано и не е негирано дека со наша издвоена победата на националната борна и тие ги добија нивните права.