Земјотрес со јачина од 5,3 степени синоќа околу 20.43 часот по локално време го погоди грчкиот остров Родос.
Епицентарот на земјотресот бил во морското подрачје северисточно од Родос.
Земјотресот бил детектиран на длабочина од 40 километри. Нема извештаи за жртви или за предизвикана материјална штета.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа од надзорни камери во угостителските објекти во моментот кога се случил земјотресот.