Лидерот на десничарската популистичка партија Алтернатива за Германија (АфД) Александер Гауланд смета дека решението на самитот на ЕУ за ограничување на миграцијата е „глупост”. Тој го даде овој коментар на дводневниот партиски Конгрес, кој денеска беше отворен во Аугсбург (Баварија).
Според Гауланд , договорите за самитот не вредат ништо и само го одложуваат усвојувањето на вистински решенија за надминување на миграциската криза.
-Меркел ќе падне, без оглед на тоа колку долго уште ќе весла со раце- изјави лидерот на Алтернатива за Германија пред 500-те делегати на Конгресот.
Тој ја спореди актуелната политичка ситуација во Германија со ситуацијата во поранешната Германска Демократска Република во 1989 година.
Пред почетокот на Конгресот, стотици луѓе излегоа на улиците на Аугсбург , за да протестира против Алтернатива за Германија.