Најголем дел од германските навивачи кои допатуваа на Светското првенство во Русија ги враќаат билетите. Ова се должи на елиминацијата на нивната репрезентација уште по групната фаза.
Летовите од Москва до германските градови овој викенд се пренатрупани. Избраниците на Јоаким Лев не изборија пласман во осминафиналето, па Германците се враќаат дома.
Билетите вратени од страна на германските навивачи ќе бидат ставени на платформата за продажба на веб-страницата на ФИФА.
– Платформата за препродажба на билети на ФИФА е отворена до 15 јули, односно до последниот ден на СП. Преку неа навивачите можат да го следат протокот на билети. Во однос на бројот на билети кои ќе бидат вратени од фановите на одреден тим, тешко е да се предвиди- соопштија од ФИФА.
Од таму потенцираат дека строго е забрането препродажба на билети меѓу самите навивачи со цел зачувување на безбедноста на трибините и спречување фалсификати.
Фудбалскиот Мундијал во Русија се игра 14 јуни до 15 јули.