Специјалното обвинителство во Хаг поднесе предлог-обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи и други лица за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Како што јавува „Ројтерс“, тие се обвинети и за скоро сто убиства.
Обвинението сега треба да го потврди Специјалниот суд за злосторства на ОВК со цел тоа да стане правосилно, пренесува РТС.
Според информициите, жртви на злосторствата од обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат, вклучувајќи косовски Албанци, Срби, Роми и луѓе од други националности, како и политички противници.
– Обвинението е резултат на долга истрага и ја покажува решеноста на Специјалното обвинителство да ги докаже сите обвиненија – се вели во соопштението на обвинителството.