Договорот на белгискиот фудбалер Мауран Фелаини со Манчестер јунајтед истекуваше утре, но раководството на клубот во последен момент успеа да го убеди да остане на „Олд трафорд“.
Иако Фелаини пропушти голем дел од сезоната, сепак тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, одлучи да го задржи белгискиот фудбалер.
– Би сакал да му се заблагодарам на Мурињо, бидејќи секогаш имаше доверба во мене – истакна по потпишувањето на новиот договор Фелаини.
Тој со Јунајтед потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката.
– Среќен сум што останува кај нас. Верував дека има желба да остане тука – наведе Мурињо.
Фелаини во Јунајтед дојде од Евертон, а меѓу клубовите кои се интересираа за негов ангажман беше и Милан.