Во присуство на техничкиот премиер Оливер Спасовски, на министерот за здравство
Венко Филипче, на градоначалникот Илија Јованоски и на менаџментот, денеска во прилепската болница беше пуштен во употреба Ургентниот центар, како и реновираното гинеколошко – акушерско одделение. Прилепските осигуреници добија два нови оддели со одлични услови за пружање здравствена помош.
– Иницијативата за Ургентен центар во прилепската болница постои 15 години и драго ми е што во овој период е завршен. Тука ќе се вршат прегледи, тријажа, третман на итни пациенти. Ќе има амбуланта за преглед на пациентите, просторија за реанимација, за згрижување на рани, просторија за давње терпаија, односно дневна болница со шест кревети. Опремен есо ЕКГ и ЕХО апарати, дефибрилатор, монитори, инфузионин пумпи и се друго неопходно за ургентна интервенција. Ќе бидат ангажирани 12 лекари и исто толку медицински сестри. И во гинеколошко – акушерското одделение се подобрија условите – рече премиерот Оливер Спасовски, потенцирајќи дека од 2017 година досега се зголемиле платите на здравствените рбаотиници, се вложувало во здравството, односно се надградувал здравствениот систем.
Според министерот за здравство Венко Филипче прилепската болница со оваа инвестиција стана врвна здравствена институција.
– Сите пациенти од регионот ќе добиваат врвна здравствена услуга во Ургентниот центар. И родилките ќе добијат подобра услуга во гинеколошкото одделение. Во ваква пандемија сега е јасно колку е значајно јавното здравство – рече Филипче.
Директорот на болницата д-р Драге Богојески, посочи дека со ова се подобруваат здравствените услуги и дека болницата добила донација на кревети од Алиф групацијата од Турција.
– Болницата се опреми со непходна опрема во изминатиот период. Извршена е реконструкција на амбулантите со цел да се подобрат здравствените услуги за пациентите. Се уште недостига магнетна резонанца. Се надеваме дека следниот период во соработка со Министерството за здравство ќе се реализира и овој проект – рече директорот Богојески.
Градоначалникот на Прилеп Илија Јваноски се гордее со болницата, оти 35 години бил
дел од неа и знаел што значи да се има Ургентно одделение, кое е значајно за секоја болница.
При тоа тој посочи дека паднемијата со корона вирусот во Прилеп е под контрола, апелирајќи граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита. Ка.М.
Спасовски: Политичарите да ги почитуваат мерките за заштита
Има начини во време на пандемија што може да се искористат за да им се доближиме
на гласачите. Нема да има митинзи, а најважно е политичарите да ја пратат пораката
дека се почитувата мерките. Ова го посочи техничкиот премиер Оливер Спасовски,
по посетата во Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање. Според него има многу начини како да се допре до избирачите.
– Има медиуми, има социјални мрежи, има разни иновативни начини преку кои може да
дојдеме да ги соочиме политичките концепти, а сепак тоа да биде безбедно за сите нас,
но и за граѓаните. Секако, таму каде што ќе се процени дека може да се направат мини
средби со целните групи, со заштита. Сите опции кои ни стојат на располагање во времето на оваа пандемија ќе бидат искористени за да се доближиме до граѓаните – рече Спасовски.
Тој нагласи дека најбитна е пораката која ќе ја испратат политичарите, дека се почитуваат мерките за заштита.
– Одговорноста на политичарите е најголема во оваа држава, зашто ако сакаме сите
други тоа да го почитуваат, тоа треба ние први да го правиме ‘ рече Спасовски во
Прилеп. Ка.М.