Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повтори своите планови да го намали американското воено присуство во Германија велејќи дека Берлин има долг кон НАТО што треба да го плати, објави „Волстрит џурнал“.
Трамп рече дека САД се подготвени за драстично намалување на бројот на нивните воени лица распоредени во Германија затоа што Берлин има огромен долг кон НАТО.
Претседателот на САД претходно овој месец изјави дека има намера да го намали присуството на американските трупи во Германија на 25.000 во споредба со сегашната вкупна бројка од 52.000 американски војници.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на 11 јуни објави дека намалувањето на американскиот воен контингент на германската територија ќе помогне во олеснување на воената и политичката напнатост во регионот.
Захарова минатата недела рече дека ваквите чекори несомнено ќе придонесат за намалување на конфронтацискиот потенцијал и воено-политичката напнатост во евроатлантскиот регион.
„Ројтерс“ објави на почетокот на јуни, повикувајќи се на американски официјален претставник, дека Трамп му наредил на Пентагон да го намали бројот на американски воени лица во Германија затоа што Берлин не успеал да ја исполни квотата за воено трошење за одбраната на НАТО.