Жител на кичевското село Брждани е осомничен дека физички нападнал и силувал девојка.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Т.Ј.(39) од село Брждани, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување.
На 8 јуни пријавениот, со употреба на физичка сила и закана по нејзиниот живот, извршил обљуба врз оштетената при што насилно ја внел во неговото патничко возило „голф“, потоа ја однел во село Видрани и извршил полови дејствија, по што повторно со истото возило ја однел во неговата куќа каде исто така со употреба на физичка сила и сериозни закани извршил полови дејствија.