На Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се две лица позитивни на коронавирус, додека на две лица сомнителни на вирусот земен им е брис и се чекаат резултати.
Според информациите од надлежните во општината денеска нема регистрирано нови случаи на заболени и оздравени од коронавирус.
Бројот на активни случаи изнесува 27, од кои 21 лице се наоаѓа на домашно, а 6 на болничко лекување.
Ка.М.