Денес во посета на кичевската касарна „Чеде Филиповски Даме“ и четвртиот механизиран пешадиски баталјон (4.мпб), беше министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, во чија придружба беа и повеќе генерали. Министерката најпрво имаше средба со првите луѓе на 4.мпб, каде се запозна со условите во кои работат и дејствуваат војниците и старешините од оваа единица.
Таа со најпофални зборови ги истакна заслугите и ангажманот на оваа единица во справувањето со ковид-19, каде што тие беа ангажирани во обезбедувањето на државниот карантин во Охрид, а дадоа и огромен придонес во справувањето со огнената стихија од пожарите кои кои се појавија во кичевско-бродскиот регион.
Мнистерката им ги честита стимулативните мерки на војниците и старешините од оваа единица и им посака и понатаму да продолжат по истите патеки. На крај Шеќерниска им се обрати на војниците и старешните кои на прописно растојание и со заштитни маски беа построени на пистата.
– Почнувајќи од Кичево им честитам на сите припадници на армијата за пожртвуваноста со која сите ги превзедовте задачите за поддршка на државата и граѓаните во справување со светската пандемија што ја зафати нашата земја. Секоја вистинска армија во секој момент е е подготвена да излезе во пресрет и да ги заштити граѓаните на кои им припаѓа. Уште пред повеќе од два и пол месеци, кога беше најтешко, армијата се распореди на првите линии во заштита на граѓаните, заедно со здравствените работници и со полицијата – рече Шеќеринска.
Таа доддаде дека припадниците на армијата со својот пример потсетувале на потребата за заштита.
– Припадниците на нашата армија од самиот почеток беа ангажирани целосно да ја обезбедуваат државната граница.Со својот пример потсетувавте и апелиравте на потребата да се одржува дистанца, за потребата лично да се заштитиме, делевте хуманитарна помош на загрозените, ја подигнавте теренската болница кај инфективната клиника , која за наша среќа немаше потреба да биде пополнета- рече меѓу другото во своето обраќање министерката Шеќеринска и додаде дека нашата земја по три децении го валоризира големиот напор да влезе во НАТО. Ова членство на земјава ќе и донесе побрз економски развој, нови инвестиции и поголема безбедност – додаде Шеќеринска.
На новинарското прашање дали и кога ќе има избори, министерката Шеќеринска беше децидна дека изборите мора да се одржат час поскоро.
– Држава во која не функционира Собранието може да трае месец, два и најмногу три. Не може предолго да трае. Ниту една власт која што е демократска, не посакува да егзистира без контрола.А кога немате Собрание вие немате базично законодавно тело. Избори треба да организираме час поскоро, затоа што ни требаат држава и институции со полн капацитет. За да им помогнеме на фирмите, на граѓаните кои што ќе бидат во потешка ситуација, ни требаат закони ни требаат странски пари, а за сите тие работи ни треба функционално собрание – рече министерката.
Потоа министерката оствари средба со градоначалникот Фатмир Дехари, кој инаку е претседател на општинскиот Кризен штаб, од кого од прва рака се запозна со состојбите во општината поврзани со ковид-19. З.А.