Пау-вау
Пау-вау е традиционален собир на домородното индијанско население во Северна Америка. Тоа е специфичен вид настан при кој Индијанците преку танцуваат, пеење и дружење ги чествуваат своите култури. Овие настани можат да бидат јавни или приватни и честопати се организираат натпревари во традиционални танци и пеење.
Ваихау
Ваихау е река на северниот остров на Нов Зеланд. Во ноември 1769 година, британскиот морепловец и истражувач Џејмс Кук ја открил и пропатувал 23 километри по нејзиното течение. Кук ја именувал Темза, но нејзиното постаро маорско име било Ваи Кау Рунга. Во 1947 година, новозеландските власти ја преименувале во Ваихау.
НГЦ 1350
НГЦ 1350 е спирална галаксија во соѕвездието Печка, која се наоѓа во списокот на Новиот општ каталог на објекти на длабокото небо. Оваа небесна појава претставува Дрееров објект. Галаксијата била откриена на 24 ноември 1826 година од страна на Џејмс Данлоп со помош на рефлекторски телескоп, чија леќа имала пречник од 9 см.
Malacemys terrapin
Malacemys terrapin e желка што ги населува водните мочуришта во источниот и во јужниот дел на Соединетите Американски Држави. Таа е една од најголемите желки што живеат во Северна Америка, а според последните податоци се смета дека е пред изумирање и е класифицирана како загрозена.
Деветте Сестри од Корнвол
Деветте Сестри е доцен неолитски локалитет во Корнвол (Англија), кој се состои од мегалити распоредени во круг. Според локалниот мит, камењата настанале кога девет девојчиња биле претворени во камења, како казна поради тоа што танцувале во недела. Локалитетот првпат бил забележан од историчарот Ричард Карв во 1605 година.
Универзалната космографија
Универзалната космографија е мапа на светот од 1507 година, изработена од германскиот картограф Мартин Валсемајер. Таа е прва мапа што го користела името Америка, но со ова име била означена само Јужна Америка, а не и северниот дел од континентот. Според објаснувањето дадено во самата мапа, именувањето Америка било во чест на Италијанецот Америго Веспучи. Денес постои само еден примерок од оваа мапа, која се чува во Конгресната библиотека во Вашингтон, САД.
Ондор Гонгор
Ондор Гонгор бил многу висок човек во Монголија од почетокот на 20 век. Постојат два податока за неговата висина, според едниот бил висок 2,36 м, а според другиот 2,45 м. Гонгор бил нашироко познат и популарен низ Монголија, а се споменува и во извештаите на некои од западните истражувачи.