Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира осум оздравени пациенти во: Скопје-7 и Прилеп-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60 г.), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59 г.), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51 г.) хоспитализиран на 4 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1817, бројката на оздравени пациенти е 1301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 628, активни 152
• Куманово – 416, активни 31
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-36, активни 2
• Прилеп –200, активни 63
• Тетово – 147, активни 79
• Струга – 70, активни 4
• Велес – 121, активни 50
• Битола –27, активни 8
• Охрид –21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –19, активни 2
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 1и
• Виница – 2, активни 0
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1
Направените 286 теста се преку: ИЈЗ –165, Филип Втори (Жан Митрев) –3, Систина со ПЦР метода -18 и МАНУ -100. Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на ковид-19.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.
Во ГОБ „8 септември“ примени се седум нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 6 пациенти, со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.