фото: Зоран Антески

Во периодот кога во Кичево драстично се намалува аерозагадувањето поради престанокот на ложење на домаќинствата со тврдо гориво, што беше главен причинител за енормното загадување во текот на зимата, јужното струење и сахарскиот песок што ветровите го донесоа на небото на Македонија, придонесе денес во Кичево ПМ10 честичките во воздухот да се зголемат за 16 пати и да изнесуваат рекордни 982 микрограми ПМ10 честички на метар кубен.

Аерозагадуваето се намали во вечерните часови, односно во 18 часот беа измерени подносливи 77 микрограми ПМ10 честички на метар кубен. Хронично болните и постарите лица се пожалија на тешко дишење хроничен замор и печење во очите.

– Вакво нешто во свите 70 и кусур години не сум доживеал, во средината на мај да не може да се диши поради високите концентрации на сахарски песок. Беше исклучително тешко да се живее нормално, можеби полицискиот час ни помогна да не излегуваме надвор во периодот на најголемо загадување од 11 до 16 часот – вели Томе Велкоски, пензионер од Кичево.

З.А.