Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд во Гостивар достави предлози за издавање на казнен налог против четири лица од Гостивар. Обвинетите се движеле пеш или со возила додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата.
Со прекршување на полицискиот час, обвинетите не постапиле според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар му предложи на судот на обвинетите да им биде определена парична казна во висина од по 100 дневни глоби.