Куриозитети зад филмското платно
Старите холивудски филмови обично ги поврзуваме со гламур и драма, при што многумина не ја знаат темната страна од златното време на Холивуд. Неодамна беа објавени вознемирувачки факти што малкумина ги знаат, а кои можат засекогаш да го променат начинот на кој гледаме на филмот од тоа време.
1. Актерките биле толку оптоварени од својот изглед, па дури Џоан Крафорд ги извадила задните заби за да има поубава форма на вилицата.
– Имав само 23 години. Тоа се нарекуваше затворач, кога ќе ги тргнете задните заби, вилицата ви се витка на поелегантен начин. Агентот ми рече дека ако сакам да работам по 25-та година мора да инвестирам во себе, јас тоа и го направив. Тоа не беше невообичаено тогаш – истакна таа подоцна.
2. Џоан Крафорд секоја недела ставала борна киселина на очните капаци за да ги одржува своите очи блескави.
3. Децата актери, кои не биле послушни на сетот, биле испраќани во таканаречена „црна кутија“, каде што под казна седеле на парче мраз.
4. Во хитот на Алфред Хичкок „Птици“ за актерката Типи Хедрен врзувале живи птици, а исто така и ги фрлале кон неа, за да ја снимат легендарната сцена на таванот. Кога го посетил сетот, Кери Грант наводно ѝ рекол: „Ти си најхрабрата жена што сум ја видел досега“.
5. За време на снимањето на „Пеејќи на дождот“ Џин Кели толку го навредил танцувањето на Деби Рејнолдс што таа се скрила под пијаното и плачела.
– Тој ќе дојдеше на проби и ќе критикуваше сè што сум направила, но никогаш не ме охрабруваше – рече Деби.
6. Одри Хепберн го одржувала својот карактеристичен „срнечки изглед“, така што, по нанесувањето на маскарата, таа ја одделувала секоја трепка со игла.
7. Џеки Купер во својата биографија откри дека не можел да плаче во клучна сцена во снимањето на филмот „Скипи“, па режисерот (кој беше негов вујко) му се заканил дека ќе го убие неговото куче ако не плаче.
– Почнав да плачам толку хистерично што беше премногу за сцената, па мораа да ме смируваат – изјавил Купер. Во 1931 година Купер бил номиниран за „оскар“. Тогаш имал само девет години. Но до ден-денес тој е најмладиот номиниран за „оскар“ во историјата.
8. Договорите во тоа време имале „морална клаузула“ што ги обврзувала актерките да не се мажат и да мора да абортираат ако е потребно. Клаузулата постоела за спречување на sвездите „да не си ја уништат вредноста со скандали“. Лана Тарнер, Џуди Гарланд и Џенет Мекдоналд, наводно, тајно абортирале, а во јавноста се зборувало дека се во болница поради апендицитис или инфекција на ушите.
9. Во 1920-тите и 1930-тите години, користеле азбест на филмските сетови за да снимаат сцени со снег. Но некои од актерите, како Стив Меквин, тешко се разболеле подоцна токму од тоа.
10. Хати Мекданиел е првата црномуреста глумица, која е номинирана за „оскар“, но во хотелот во кој се одржувало доделувањето на наградите не им бил дозволен влез на црнците. Продуцентот на филмот „Однесено од виорот“ бил принуден да моли за посебна услуга да ја пуштат. Потоа таа била сместена на задните седишта.