фото: Зоран Антоски

Општина Кичево е најголемата општина во земјава во која моментално не се регистрирани лица заразени од ковид-19 , откако и вториот заразен од оваа општина е излекуван и без симптоми на коронавирусот. И двата случаи на заразени од оваа општина се лица кои пред месец –два, во земјава дошле од странство и двајцата се ставени во државен карантин.

Овој факт не ја намалува мобилноста и самоодговорноста на граѓаните од оваа општина, во затворени простори задолжително да се носат маски и рацете задолжително да се мијат со дезинфекциско средство, а на шалтерите да се одржува прописно растојание. 

– Независно што информацијата дека во нашиот град моментално не се регистрирани заразени со ковид-19, сите пропишани мерки на Владата во целост ги спроведуваме, како ние вработените така и купувачите кои секојдневно го посетуваат нашиот маркет. Така ниту еден купувач не може да пазари без да носи заштитна маска и ако се создаде гужва пред маркетот, тогаш ги замолуваме да почекаат, дел од тие што се внатре да излезат надвор, за другите да влезат. Превентивата е поголем дел од успехот за заштита од опасниот вирус – велат вработените во еден од најголемите маркети во градот.

Од таму додаваат дека граѓаните во најголем број се дисциплинирани и се поретки се случаите на купувачи кои дошле без заштитна маска и не ги почитуваат пропишаните мерки.

З.А.