Охридската полиција вчера во Охрид уапсила 30-годишен скопјанец, кој според пријава од 64-годишна охриѓанка, со закана со нож се обидел да изврши разбојништво. Како што рекла жената, таа и присутните лица на местото на настанот го совладале.
Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.