Деновиве Балканската телевизиска мрежа „Ал Џезира“ емитуваше репортажа за енергетската трансформација која се спроведува во  Македонија, започната преку најголемиот проект на изградба на фотонапонски електроцентрали на местото на исцрпениот рудник за јаглен во РЕК „Осломеј“-Кичево.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, истакна дека две фотонапонски централи од по 10 мегавати, во сопственост на АД ЕСМ и една од 100 мегавати, која ќе се гради по принципот на јавно-приватно партнерство, ќе го заменат капацитетот на РЕК „Осломеј“, кој изнесува 120 мегавати инсталирана моќност.

Ковачевски потенцираше дека истовремено со енергетската трансформацаија се работи и на социјална трансформација, односно дел од вработените во термоелектраната „Осломеј“ ќе бидат префрлени во фотонапонските електрани.

– Проектот наидува на поддршка кај локалното население и исто така е поздравен и од Европската енергетска заедница од чија страна Северна Македонија беше истакната како лидер во реформите во секторот енергетика, нешто што се потврдува и со проектот за енергетска трансформација кој го спроведува АД ЕСМ, а чија цел е постепено префрлање на производството на електрична енергија од традиционалните технологии кон чисти и обновливи извори на енергија, како сонце, ветер и вода – овачевски за „Ал Џезира“.

М.М.