Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор ги повика наркокартелите повеќе да не делат пакети со помош на населението за време на кризата поради пандемијата на коронавирусот.
Обрадор рекол дека такви случаи биле забележани на повеќе места во Мексико, но додал дека државата не може ништо да направи против тоа.
– Тоа е нешто што се случува, не може да биде избегнато – рекол претседателот на Мексико.
Тој нагласил дека нарко картелите пред се би требало да се посветат на своите семејства и да размислат за своите незаконски активности, а не да се фалат како делат хуманитарна помош на населението.
На пакетите кои се делат на населението излепени се фотографии од поранешниот водач на наркокартелот Синалоа, Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, кој се наоѓа во затвор.