Изложба насловена „Поместени граници“ ќе биде отворена вечер во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.
– Граница е нешто што сугерира на статичност и постојаност, додека поместување наговестува неминовно движење, можеби, но не и со сигурност конфликтно, во секој случај поместување од динамичка природа. Идејата за бришење на линијата која современиот ликовен медиум го дели од класичната ликовна уметност, со појдовна точка од концептуалното размислување, наидува на конвенционален творечки пристап, па сходно на тоа, целта на овој проект е да и се прикаже на пошироката публика, новиот аспект на актуелното ликовно истражување- соопшти Друштвото на ликовни уметници на Македонија.
На изложбата ќе бидат претставени дела од авторите Анастасија Пандиловска, Филип Фидановски, Маја Кировска, Кристијан Тодоров, Јелена Лалиќ, Игор Таневски, Светлана Волиќ, Ана Цицовиќ и Ејприл Дауша.
Куратор на изложбата е претседателот на ДЛУМ, Христијан Санев.