Некои од турските државјани, кои се наоѓаат во нашата земја, до турската амбасада аплицирале барање да се вратат во Турција.
– Имајќи ги предвид тековните услови и можности, од страна на Амбасадата им се дава помош на нашите државјани со цел да им се овозможи трансферот со автобус преку Бугарија кон Турција. На 1 и 3 април 2020 година нашите државјани со два автобуса остварија влез во Турција преку граничниот премин Капикуле, а на 8 април два автобуса се упатени кон Турција – соопштија од турската амбасада.