Фото: Маја Јаневска Илиева

По скопските улици се движат само полициски патроли и возила на достава со посебни дозволи. Меѓутоа, околу 17 часот полициската патрола забележа една старица со кеси, како стои на раскрсницата.


Старицата им одговорила дека пошла на пазарчето и го испуштила автобусот за дома. Полицијата се јавила кај синот на старицата и го прашала дали мајката боледува од некоја болест. Со дозвола од надредените, полицајците на старицата ѝ дале заштитна маска и ракавици и ја однеле до домот. Добиле и задача потоа да го дезинфицираат возилото.
Иако во вакви ситуации се постапува поинаку – полицијата се јавува до Центарот за јавно здравје, поради возраста на жената тие одлучиле да ја вратат безбедно дома.

М.Ј.И.