Две бебиња во Србија се меѓу 303 заболени од коронавирус во оваа земја, пренесуваат српските медиуми.
Бебе старо 28 недели е заразено со коронавирус во Србија, изјави директорот на клиниката „Драгиша Мишовиќ“, доктор Владимир Ѓукиќ.
Тој во емисија на ТВ „Пинк“ рекол дека меѓу заболените во Србија има многу млади.
– Имаме бебе од 28 недели, родители, татко и син, син и мајка, цели семејства, сите се загрозени, единствена превентива е целосна изолација – рекол тој.
– Има многу млади. За жал, не се сите во идеална состојба, но навистина постојат сите предуслови да се згрижат квалитетно и се надевам дека ќе бидат во ред – рекол директорот.
Освен бебето од 28 недели, во саботата на клиниката било примено бебе што имало 27 дена. Најверојатно, бебето го добило вирусот од чичко на таткото, кој е заболен од коронавирус.
– Бебето е стабилно и оздравува. Што се однесува до неговата општа состојба, уште сега би можело да биде пуштено дома, но поради возраста, тоа е задржано – рекле лекарите.