Една од најубавате актерки Олга Куриленко во својата објава на Инстарам вели дека потполно оздравела од коронавирусот.

Ѕвездата на „Зрно утеха“ од филмскиот серијал за тајниот агент Џејмс Бонд, посочи дека првата недела поминала повеќе време во постела и се чувствувала лошо. Таа спиела, имала висока температура и главоболки. Според нејзините зборови, во втората недела веќе температурата се намалила и имала лесна кашлица. Од првичните симптоми останал само заморот.

– Сега практично немам никакви симптоми. Одморам и се дружам со мојот син – напижала во објавата Олга.