Во Македонија во април годинава се евидентирани 82.635 туристи, кои оствариле 164.183 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во април 2018 во однос на април лани, е зголемен за 21.4 отсто, а на ноќевањата за 17.2 проценти.
Бројот на домашните туристи е зголемен за 12.3, а на странските туристи за 25.5 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 6.1, а на странските туристи за 24.5 проценти.
Во периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 18.7 проценти, и тоа: кај домашните туристи за 10.8, а кај странските за 23 отсто.
Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 17.5 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 10.3, а кај странските за 22.5 проценти.