Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и постојаната претставничка на УНДП Луиза Винтон денеска ќе го отворат форумот за дефинирање на критериумите за финансирање проекти во општините, во рамки на проектот „Подобрување на општинското управување”.
Проектот во вредност од 2,4 милиони евра е финансиран од ЕУ, а ќе се реализира во општините и во планските региони.
Во рамките на проектот со над еден милион евра од Европската унија ќе бидат финансирани проекти во осумте плански региони и во 30 општини.