Ветрот синоќа откорна дел од фасадата на МЕПСО. На социјалните мрежи утрово, градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов сподели фотографии со коментар дека проектот „Скопје 2014“ е небезбеден за животот на граѓаните.
– Освен што е криминален, кичерајски, болноумен и слично, проектот Скопје 2014 е и небезбеден за животите на луѓето – напиша Шилегов.
Коментар и фотографии на Фејсбук утрово сподели и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Што да се прави со Скопје 2014 година?!?! Сам се руши…..А.Д.МЕПСО. Среќа нема повредени – пишува Богдановиќ.
Новата фасада на МЕПСО чинеше 11 милиони евра.