Триото „Апасионато“, во кое членуваат Олег Цингарски (виолончело), Ирина Павлова (виолина) и Наталија Калајџиеска (пијано), вечерва ќе одржи концерт во Музеј на Град Скопје.
Тие ќе изведат дела од Бетовен, Бах, Пјацола, Виењавски, Рахмањинов, Бриж.
Триото „Апасионато“ во класа на проф. Весна Ангелова-Христов постои од 2016 година и е составено од талентирани ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“-Скопје и досега како солисти имаат настапувано со Македонската филхармонија.
Добитници се на награди на државни и меѓународни натпревари, учествуваат на национални и меѓународни семинари за камерна музика и на семинари кај познати професори во Австрија, Чешка, Франција, Србија, Италија.