Постои опасност Средоземното Море да се претвори во „море на пластиката“, предупреди Светскиот фонд за дивиот свет (ВВФ), предлагајќи при тоа серија мерки за отстранување на пластичните маси од водите на Медитеранот.
Според податоците на Фондот, во Средозменото Море има рекорно ниво на микропластика – честички на пластичната маса помали од пет милиметри, кои го трујат целиот синџир на исхрана и го загрозуваат човековото здравје.
ВВФ нагласува дека концентрацијата на пластични маси во Медитеранот сега е за четирипати поголема отколку во окeаните.
Фондот предлага склучување на меѓународно обврзувачки договор за намалување на пластичниот отпад и за борба против праксата за фрлање на рибарскиот прибор и материјал во морските води.
Според фондот, приморските земји треба да го зголемат обемот на рациклирање и прибирање на пластичниот отпад, како и да забранат коистење на пластични ќеси.