Скопското основно јавно обвинителство поведе постапка против 64-годишен скопјанец кој претепал малолетна постанарка поради скршено огледало.
Како што информираат од обвинителството, осомничениот 64-годишник грубо навредувал, малтретирал и извршил физичко насилство врз девојче на возраст од 14 години. Малолетничката заедно со нејзиното семејство биле потстанари во куќа во сопственост на осомничениот во населба Аеродром.
На 23 јануари, девојчето скршило огледало во куќата, па сопственикот започнал најпрво да ја навредува, а потоа и да ја удира со тупаници и со стап по главата и телото. Во еден момент зел парче од скршеното огледало и започнал да ја сече од задната страна на вратот.
Девојчето се обидело да избега и да повика помош, но тој продолжил да ја тепа и во дворот на куќата. За време на настанот во куќата биле и сопругата на братот на малолетничката со нејзините две деца на возраст од три месеци и една и пол година, која не успеала да му помогне на девојчето.
Скопјанецот се товари дека сторил кривично дело насилство.
Имајќи го предвид видот и тежината на кривичното дело што му се става на товар, предвидената казна, како и фактот дека се работи за насилство врз 14-годишно дете, надлежниот јавен обвинител проценил дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот.
Од тие причини, доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, кој и претходно бил осудуван и може да го повтори кривичното дело.