Загреб – Владата на Хрватска ги избра државите со кои ќе почне преговори за набавка на борбени авиони. Од САД ќе се побара да испратат понуда за нови „Ф-16 блок 70/72“, од Шведска нови летала од типот „ЈАС-39 грипен“. Понуди за половни авиони „Ф-16“ ќе бидат побарани од Израел, Грција и од Норвешка, како и од Франција и од Италија. („Вечерњи лист“)
Белград – Државното земјоделско земјиште што не се обработува ќе им биде отстапено бесплатно користење на индивидуалните земјоделци. Досега се идентификувани околу 2.400 хектари што не се обработуваат. Во првите пет години за земјиштето нема да се плаќа надомест, а во следните 25 години ќе бидат понудени поволни услови за земјоделците. Во Србија меѓу 200 и 350 илјади хектари обработливо земјиште и ливади не се користат. („Новости“)