Со полагање на букети свежи цвеќиња пред споменикот “Ангел” кај Градскиот часовник и во битолската касарна денеска беа одбележани 17 години од смртта на бранителите од Битола, кај Вејце.
На комеморацијата букети свежи цвеќиња положија членовите на семејствата на загинатите бранители, градоначалниците на Битола, Наташа Петровска, на Новаци, Љубе Кузмановски и Могила, Јамина Гулевска, делегации на бранителите, политичките партии, советот на Општина Битола како и преставнции на навивачката група “ чкембари”.
Во својата изјава за крвавиот настан градоачалничката Наташа Петровска рече дека овој ден не треба никогаш да се заборави за да ваквите крвави настани никогаш повеќе да не се повторат.
-Поминаа 17 години од згаснувањето на овие три млади животи за оваа наша земја во која што денес ние живееме. Денес сме тука не само да им оддадеме почит на загинатите бранители, туку да се потсетиме дека никогаш не смееме да заборавиме на нивните семејства и нивните потомци. Како политичари ние мора да бидеме одговорни и да водиме политика која што никогаш повеќе нема да ја доведат Република Македонија во таква ситуација – рече градоначалничката Наташа Петровска на комеморацијата.
Инаку да потсетиме маскарот кај Вејце се случи на 2001 година. Тоа беше најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Република Македонија. Во тој масакар на подмолен начин, од заседа ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци, припадници на специјалните единици “Волци“ и на посебната единица на СВР Битола.