Српскиот претседател Александар Вучиќ ја откажа посетата за Бадник во Црна Гора, бидејќи, како што рече, не сака да му дава алиби на црногорскиот режим дека тоа е напад на независноста и уставниот поредок на земјата.
– Јасно ви е дека во Црна Гора за Бадник нема да одам, иако таа посета ја подготвувавме – кажа престедателот на Србија по утринската средба со патријархот на СПЦ, Иринеј и додаде дека не сака да даде причина за судири.
„Постојат многу кои ќе кажат дека нема потреба српскиот народ да се издвојува од останатите, дека не мора да пишува дека се од српска националност. Сметав дека треба да го зачуваме опстаникот на српскиот народ во Црна Гора, и на жестоката кампања за асимилација на Србите да одговориме со пристојност“, рече Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.