Секој камен е богатство, вели техничкиот директор на црквата „Свети Марко“ укажувајќи на мозаиците од злато, вметнатите камени плочи и ѕидовите обложени со мермер на ремек-делото од градба старо 927 години, кое претрпе штета од најмалку пет милиони евра за време на разорно високата плима минатиот месец.
Изградена на локација за која се смета дека е една од најбезбедните во градот, црквата „Свети Марко“ претрпе голема штета, пренесе агенцијата „АП“.
Сведоци рекоа дека на плоштадот Свети Марко имало бранови какви што не виделе досега. Под налетот на брановите паѓале и оловните плочки, што се случува првпат.