Руската женска лига во хокеј на мраз (ВХЛ) традиционално го објави својот календар за новата година, за кој позираа убавите хокеарки.
Овојпат темата на календарот се четирите годишни времиња, со цвеќиња и овошје на местото на облеката.
„Дванаесет хокеарки кои претставуваат седум ВХЛ тимови покажаа дека покрај цврстите хокеарски квалитети, секоја хокеарка има и нежност, искреност и деликатност“, напишаа од ВХЛ.
Голманката на клубот Агидел, Ана Пругова, на пример е на тепих направен од рози, налик на постерот на славниот филм „Американска убавина“. Хокеарката на Торнадо, Нина Пирогова е фотографирана со јаболко и сончогледи, додека играчот на СКСО, Александра Воврушко ја симболизира есента со жолти лисја.