Лани во Русија се откриени повеќе од 50 терористички ќелии, изјави денеска заменик-шефот на канцеларијата на Комитетот за борба против тероризмот Алексеј Коваљев.
– Само во 2017 спречени се вкупно 68 злосторства кои биле поврзани со тероризам, меѓу кои 25 терористички напади за кои постоело план да бидат извршени на места на масовни собирања и во многу важни институции. Откриени се повеќе од 50 тајни терористички ќелии и повеќе од 80 поединци кои паднале под влијание на терористи се спречени да отпатуваат во странство – рече Коваљев на форумот Модерни системи за безбедност – Антитероризам.
Тој наведе дека 44 религиозни организации биле спречени да формираат свои казнени установи и оти се спречени повеќе од 90 обиди за шверцување материјали на екстремисти.
Коваљев рече дека е блокиран пристапот до повеќе од 60.000 сајтови со илегални содржини и оти на Интернет се забранети вкупно 1.500 сајтови и 68 екстремистички извори.