Граѓанското движење против коцкање од Тетово на прес-конфренција инфомираше дека по нивниот протест на 4-ти мај и поднесена тужба Управниот суд донесе одлука за забрана за отворање на казиното лоцирано на булеварот Илинденска. Од движењето сметаат дека и други постоечки објекти со игри на среќа треба да го прекинат работењето образложувајќи дека тоа го прават нелегално.
-Бараме затворање на нелегалните коцкарници. Во постоечкиот закон стои дека игрите на среќа исклучиво треба да работат во склоп на хотели, мотели или како самостојни објекти, а не како што е праксата во Тетово, да бидат дел од колективни згради-рече Џемил Абдиу член на иницијативниот одбор.
Ова движење ќе учествува во јавниот дел од носењето на новиот закон за игри на среќа, бидејќи не се согласуваат со предвидената мерка-објекти со игри на среќа да бидат оддалечени 300 метри од институции од јавен интерес.
-Законот е погрешен, и нема да го реши проблемот со епидемијата на казина во градот. Ние ќе бараме да бидат оддалечени 3 километри од последната куќа во секое населено место. Поднесуваме барања до сите парламентарни групи да поднесат амандмани и да го спречат донесувањето на ваков закон-рече Абдиу.
Од движењето ќе се бара национална стратегија за едукација ученици, студенти и млади за штета од игри на среќа. Ќе се бара и воведување дополнителни даноци со кои ќе оптоваруваат обложувањата и сличните игри на среќа.
А.С.