Мечевите на СП во Русија ќе се играат од 12, 14, 15, 16, 17, 18, 20 и од 21 часот според средноевропско време, најдолг фудбалски ден се очекува да биде 16 јуни, со четири меча и фудбал од 12 до 23 часот, а во другите денови просечно ќе има по три средби, со почетоци во 14, 17 и во 20 ч.
Натпреварите на Светското првенство (СП) во Русија ќе се играат во 11 града (Москва, Санкт Петербург, Казан, Калининград, Нижни Новгород, Сочи, Саранск, Ростов и Екатеринбург) на 12 стадиони, во осум термини и во четири временски зони.
Во Русија постојат 11 временски зони, натпреварите на Светското првенство ќе се играат во четири од нив, а термините на одигрување на натпреварите не би требало да им прават поголеми проблеми, барем на љубителите на фудбалот во Европа.
Термините на најраните натпревари се од 12 часот според средноевропско време (СЕВ), а премиерниот меч (14 јуни), како и финалниот (15 јули), треба да почнат во 17 часот.
Натпреварите во групната фаза ќе се играат во осум термини. Во првите две кола почетокот на натпреварите е од 12, 14, 15, 16, 17, 18, 20 и 21 часот, а во третото, решавачко коло од 16 и од 20 часот. Осминафиналните и четвртфиналните натпревари ќе се играат во два термина, од 16 и од 20 часот, а полуфиналните од 20 часот. Дуелот за третото место е предвиден за од 16 часот, а финалето од 17 часот.
Најдолг фудбалски ден треба да биде 16 јуни, за кога се предвидени четири меча, и тоа од 12, 15, 18 и од 21 часот. Во другите денови просечно ќе има по три средби, со почеток од 14, 17 и од 20 часот. Сите времиња се според СЕВ.
На стадионите има над 580.000 места
Натпреварите на 21-то СП во Русија во фудбал, од 14 јуни до 15 јули, ќе се играат во 11 града и на 12 стадиони. Тоа се Москва (стадион „Лужники“ со 81.000 места и „Откритие“ со 45.360), Санкт Петербург („Крестовски“, 68.134), Калининград („Калининград“, 35.212), Казан („Казан“, 45.379), Нижни Новгород („Нижни Новгород“, 44.889), Самара („Космос“, 44.918), Волгоград („Волгоград“, 45.568), Саранск („Мордовија“, 45.015), Ростов („Ростов“, 45.000), Сочи („Фишт“, 47.659), Екатеринбург („Екатеринбург“, 35.696). Полуфиналните натпревари ќе се играат во Санкт Петербург и во Москва, а финалето во Москва. Вкупно стадионите за СП 2018 имаат капацитет од над 580.000 места.