Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека, како и во претходниот земјотрес, и во овој, кој беше посилен и траеше подолго, уште еднаш беше потврдено дека зградите во најголем дел се многу стабилни.
На состанокот на владата во врска со ситуацијата предизвикана од вчерашниот земјотрес, Рама рече дека никој не треба да биде импресиониран од пукнатина на ѕидот бидејќи ниедна пукнатина на ѕидот не е проблем.
– Ако столбот не е оштетен, тоа не е ништо во однос на безбедноста – рече албанскиот премиер, пренесува АП.
Сите станбените блокови, дури и највисоките изградени по 90-тите, во поголем дел немаат потпорни sидови, ги одржуваат структурите на столбовите, рече Рама.
Албанскиот премиер рече дека куќите, генерално, биле дизајнирани и изградени за да издржат силни земјотреси, посилни од шест или седум степени според Рихтеровата скала.
– И покрај потресите и ужасното чувство на земјотресот, вистинската опасност е далеку – рече Рама.