Во Франција дури 1.500 дворци би можеле да бидат на продажба, бидејќи сопствениците веќе не се во можност да ги одржуваат, велат експерти и специјализирани агенти за недвижности.
Според „Фигаро“, дворците на аристократските семејства порано се пренесувале од генерација на генерација, но модерните сопственици сè почесто ги продаваат своите имоти, а како што објаснува претседателот на Здружението на сопственици на замоците, Оливие де Лоргерил, периодот на сопственост во просек изнесува осум години.
Потенцијалните купувачи, исто така, би можеле да бидат обесхрабрени од високата цена за одржување на дворците, пишува „Фигаро“.