Во согласност со професионалните новинарски стандарди, „Нова Македонија“ и во претходниот текст и сега ги пренесе ставот и реакцијата на ХЕРА. Истовремено, објавуваме и принтскрин на делот од извештајот на УНАИДС за кој станува збор во текстот на „Нова Македонија“, така што е нејасно на кого всушност се однесува реакцијата и барањето за исправка и зошто ХЕРА не реагира до УНАИДС, како извор и носител на информацијата, туку до „Нова Македонија“, која најпрофесионално и исклучиво во интерес на јавноста ја обработила темата и го пренела извештајот. Впрочем, читателите и сами може просудат за што станува збор.
Од Редакцијата