Каталонскиот заговорник за независност Жорди Турул не беше избран за претседател на владата на Каталонија откако „тоа го одбија пратениците од антикапиталистичката партија ЦУП“.
Втор круг на гласање ќе има в сабота, но ако и тогаш не биде избран Турул , ќе продолжи политичката неизвесност во шпанската покраина.
Турул доби поддршка од 64 пратеници, додека 65 беа против, а четворица пратеници на ЦУП гласаа воздржано. За негово именување потребни се 68 гласа од вкупно 135.
Турул е кандидат на Заедно за Каталонија и Каталонската републиканска левица (ЕРЦ), откако минатата недела пропадна нивниот обид за именување на Карлес Пуџдемон и Жорди Санчез, обвинети за бунт против Шпанија. Пуџдемон се наоѓа во Белгија и му се заканува апсење ако се врати дома, а Санчез е во притвор.
Антикапиталистичкта партија ЦУП, која инсистира на продолжување на на независноста, одби да го поддржи Турул. ЦУП ја условува поддршката со „создавање република“ и откажување од статусот автономија. Таа партија е незадоволна од омекнување на ставовите на нејзините довчерашни партнери, Заедно за Каталонија и ЕРЦ.