Јас ќе ја водам кампањата и ќе бидам канидидат за премиер, изјави првиот човек на Владата, Зоран Заев.
Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека конечната одлука за тоа ќе треба да ја донесат органите на партијата и коалицијата.
– Ќе и се посветам на партијата за да се понудам уште еднаш пред граѓаните. Ќе барам нов мандат – истакна Заев и најави дека СДСМ ќе излезе со модернизиран тим и програма.
Запрашан дали Оливер Спасовски ќе биде технички премиер до изборите, Заев рече дека тоа ќе биде познато на крајот на декември, но навести дека би го повлекол Спасовски заедно со генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, со цел, заедно да ја истрчаат кампањата.