Волшепствата на мама

Во целиот свој работен век,
мajка се жалеше како
во Предарата „Македонка“
сместена на крајот од градот
ѝ било тешко
додека ги претворала
деновите во ноќи
и ноќите во денови.
Го правела тоа за да биде
сѐ како што треба –
вртената полни преѓа,
а дома сите сити и на број.
Слушавме за маките на мама
и немаше детска игра во која
некој не ќе посакаше
да ги повтори нејзините волшепства.


Страв од мракот во собата

Само тогаш кога во глувата ноќ
Ќе прашав: „Мамо спиеш ли?“
И кога таа ќе ми одговореше
„Не спијам чедо.“
Станував силен и подготвен
Да ги победам сеништата на мракот
Мама со будноста своја ме заспиваше
А кога наутро ќе ме огрееја
Првите зраци на сонцето
Кога ќе го слушнев
Првиот црцор на птиците
Знаев, додека мама е со мене
Мракот ќе губи во битката
Со чуварот на моите соништа.